Редовниот секс спречува импотенција

Мажите во одредени години почнуваат да стравуваат дека нивната машкост може да почне да откажува послушност. Истражувањата покажаа дека оние кои често водат љубов не треба да стравуваат.

Мажите кои сакаат што подолго да останат во добра сексуална форма треба често да имаат секс, тврди фински тим на експерти од Универзитетот во Тампере. Овој заклучок е добиен од истражувањето кое опфатило илјада мажи на возраст од 55 до 75 години. Истражувањето покажало дека мажите кои имаат редовен секс помалку се изложени на ризикот од еректилна дисфункција, додека кај оние кои апстинираат и по неколку недели, ризикот е зголемен.

09.06.2014 - 18:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега