Видео: Шокантно- по цели 20 години брак и признал дека се шегувал кога ја запросил

По цели 20 години брак американецот Дејвид, сопруг, татко и поранешен свештеник буквално ја шокирал својата средношколска љубов Џенифер со својата неочекувана изјава. Дејвид и Џенифер имаат два сина и наизглед се чинела дека нивната врска е сосема обична. Но, Дејвид со години водел двоен живот.

Поточно тој ја изневерувал својата сопруга, ја криел зависноста од порнографија и во тајност се вклучувал на онлајн страници за да запознава сексуални партнери. Иако свесна дека тој ја изневерува, Џенифер со сите сили  сакала да го спаси нивниот однос. Од таа причина таа и пишала на Ијанлa Ванзант, соработничка на Опра Винфри, која требало да и помогне во таа ситуација.

Кога пристигнала кај Дејвид и Џенифер, Ванзант дознала дека Дејвид се отселил во свој стан, но се уште доаѓал на вечера и според тоа заклучила дека тоа мора да се разреши. Таа дознала  дека тој не ни бил сериозен кога ја запросил Џенифер пред 20 години. И потоа го натерала да и го признае сето тоа во нејзината емисија „Iyanla: fix my double Life“.

Парот се уште не поднел барање за развод, иако Џенифер верува дека Дејвид ќе продолжи да има афери. Дејвид иако живее одвоено ја замолил Џенифер да не го вади вереничкиот прстен од рака.

 

09.06.2014 - 16:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега