Немало пукање во ресторанот „Градина"

Марија Синадиновска Арсовска, менаџерот на ресторанот Градина, демантира дека се пукало внатре во ресторанот. Според нејзините зборови, пукањето се случило на паркингот пред ресторанот.

Претходно, од полицијата соопштија дека во полициската станица во Кисела Вода, дваесеттина минути по полноќ, било пријавено дека се слушнало пукање од ресторанот „Градина“.Според податоците од полицијата, за време на свадба, скопјанецот В.А. се опуштил, па решил да се забавува така што од гасен пиштол „екол“ испукал 10 куршуми во воздух.

09.06.2014 - 13:59
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега