Балотели: Сакам да станам легенда, а тие се раѓаат на Мундијалите

Напаѓачот на Милан и член на италијанската фудбалска репрезентација Марио Балотели изјави дека сака да стане легенда по завршувањето на Светското првенство во Бразил и повеќе да се зборува за неговиот придонес на теренот.
 
-Веќе се навикнав за мене да се пишуваат разни работи. Сите сакаат да пишуваат за Милан и неговите играчи и тоа е нормална работа. Но, сметам дека е дојдено времето да се престане со трачеви и да се пишува за мојот учинок на натпреварите. Затоа сакам да бидам еден од најдобрите на престојниот Мундијал, а легендите се раѓаат токму на шампионатите. Убеден сум дека Италија може да го освои трофејот. Сепак сум реален и мислам дека има две други репрезентации кои можеби се подобри од нас, истакна „Супер Марио“.
 
Италија за противници во групата Д на СП ги има Уругвај, Англија и Костарика. Првиот натпревар Балотели и репрезентативните соиграчи го играат на 14 јуни против Англија во Манаус.

09.06.2014 - 14:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега