Денови на електротехниката 2013
ЕВН Македонија ги подржа Деновите на електротехниката, кои по втор пат на натпревар во знаење ги собраа учениците од Скопските основни училишта. На натпреварот кој го организира средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“, учествуваа над 190 ученици.
Победници по втор пат се учениците од тмот на ОУ „Димо Хаџи Димов“ од Општина Карпош. За најдобрите беа обезбедени пехар и награди, а сите учесници на манифестацијата ја посетија ХЕЦ Матка, што претставуваше уникатна можност одблизу да видат како веќе 86 години успешно функционира овој електро-енергетски објект, кој е од историско значење за Македонија.
Целта на Деновите на електротехниката е популаризација на електротехничката струка, и начин за ориентирање на учениците кои сакаат да го продолжат своето образование во оваа област. ЕВН Македонија заедно со училиштата и другите образовните институции разработуваат идеи и реализираат проекти, во насока на обезбедување на квалитетни кадри од електротехничката струка, особено во електро-енергетската област.