Слободно можете да си јадете- пуканките не дебелеат

Многумина мислат дека пуканките дебелееат, но не е така. Слободно можете да си јадете пуканки.

Иако се богати со енергија, пуканките се одличен дополнителен извор на растителни влакна, кои нам денес ни недостигаат во исхраната.

Просечен човек дневно во телото внесува помеѓу 10 до 15 грама растителни влакна, што претставува половина од дневната потребна доза, а тоа е  сериозен здравствен проблем. Со консумирање на само 100 грама пуканки на ден, приближно може да се надополни овој недостаток.

Добрата страна на пуканките се и нискиот процент на шеќер, натриум, холестерол и заситени масти.

Но, постои и темна страна на јадењето пуканки, која се однесува на сите индустриски обработени пуканки прелиени со различни додатоци од делумно хидрогенизирани растителни масла, вештачки ароми, засилувачи на вкусот и висок процент на сол, што никако не оди во прилог на здравјето и спречување на вишокот тежина односно болест.

Значи, пуканките не дебелеат, особено ако се подготвени со минимално масло  и без сол.

09.06.2014 - 13:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега