Хорор ја згрози Македонија: Полуматурантка била групно силувана во комбе

Вистински хорор викендов се случил во Тиквешијата. Полуматурантка била жртва на групно силување, откако 4 или 5 млади момчиња од тиквешко село од кои еден полнолетен, а другите малолетни, ја силувале во комбе.

Според податоците на Дневник, портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска за Дневник потврдила дека било пријавено силување во полициска станица во град од Тиквешијата вчера.

-Се работи за пријава за полов напад врз малолетник. Има осомничени лица. Работиме на целосно расветлување и документирање на случајот, изјавила Стојковска за Дневник.

09.06.2014 - 13:32
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега