Падна оградата на мостот на уметноста во Париз

 

Од преголемата љубов, падна мостот на уметноста во Париз.

Од преголемата тежина на катанците кои туристите ги закачуваат во знак на љубов мостот се урнал вчера, а париските власти веднаш реагирале и го отстраниле мостот на уметноста.

За цела среќа оградата паднала врз мостот а не во реката Сена.

 

Уште пред неколку месеци власите најавија дека ќе ги тргнат катанците од мостот, но таквата одлука наиде на негативни коментари од туристите кои во градот на љубовта го практикуваат ритуалот да стават катанец за среќа.

09.06.2014 - 13:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега