Доаѓа топлотен бран над Балканот: До крајот на неделата ќе биде жешко

Метеоролозите најавуваат оплотен бран во регионот на Балконот но и во одредени делови на Европа. Метеоалармот веќе ја запали жолтата светилка во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија. Во земјите од Европа, Чешка и Полска се во портокалова фаза. Граѓаните на овие земји одамна не паметат вакво лето и вака високи температури.

Топлото и претежно сончево време продолжува до крајот на работната недела и во Македонија, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, МетеоПро. Услови за локално попладневно нестабилно време повторно ќе има во среда, но само во мал дел од северните краишта од земјава.

 

Температурата нема да има преголеми промени во однос на минималната и максималната вредност. Утрата ќе бидат топли, со минимална темература која ќе биде во границите помеѓу 13°С и 18°С. Преку ден ќе биде топло со максимална температура која ќе има вредност околу 28°С низ населените места во западниот регион. Котлините во источниот крај ќе имаат максимална температура со вредност околу 30°С. Северниот тек на Вардар очекува максимална околу 31°С, додека јужниот дел од Повардарие ќе има максимална температура околу 34°С. Вредноста на УВ индексот ќе има вредност 8.
Искористете го овој период на релативно стабилно и топло време.

09.06.2014 - 13:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега