Не ги фрлајте лушпите од јајца- еве за што може да ги искористите

Сигурно најлесно ви е штом ги скршите јајцата за во некоја торта или за појадок веднаш да ги фрлите двете половинки на лушпата.

Ви изгледаат безвредно и непотребно. Се прашувате за што би можеле да ви бидат потребни скршени лушпи од јајца?

Понекогаш тие може да бидат и поздрави и покорисни дури и од самите јајца. Одлични се за кожата, коските, а и за билките во градината.

Додајте ги во ѓубривото

Лушпите брзо се разградуваат, а бидејќи се богати со калциум и минерали, дополнително ќе го обогатат ѓубривото за вашите растенија.

Ослободете се од штетниците во градината

Издробете ги лушпите и посипете ги околу билките и цвеќињата во градината за да спречите полжавчиња и гасеници да се собираат околу нив. Така ќе избегнете и употреба на пестициди.

Искористете ги за мали садници

Во двете половинки од лушпите ставете земја со семе за мало растение, како мини чери домат. Наредете ги во кутија и оставете ги на топло и светло место. Во пролет малата садница само пресадете ја во градината.

Исчистете ја куќата

Издробете ги лушпите и додајте вода со детергент па во неа исперете некои цврсти предмети, Лушпата може да се користи и како нетоксично абразивно средство за миење на садовите.

Исчистете ги одводите

Неколку здробени лушпи ставете ги во мијалникот. При миењето садови, овошје или зеленчук лушпите ги задржуваат парчињата храна и отпадоци, а кога минуваат низ цевките на одводот ги чистат и спречуваат да се затнат.

Не ја заборавајте мембраната во внатрешноста на јајцето

Тенката мембрана во внатрешноста на лушпата одамна се користи како природен лек за исекотини и заноктици. Само размачкајте ја на местото и оставете да се исуши.

Отстранете ја иритацијата на кожата

Во мал сад измешајте ја лушпата од јајце и сокот од лимон, па може да ја користите за лечење на мала иритација на кожата и чешањето, благодарение на богатството од калциум.

Извор: Црно Бело

09.06.2014 - 13:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега