Внимавајте: „Врие" од лажни посредници за визи

Се позачестена е појавата на измами на граѓани од лица и агенции кои се претставуваат како посредници и за одреден надомест, што се бара да биде уплатен однапред, нудат помош за побрзо и полесно добивање виза за Квебек, Канада, соопшти денеска Народниот правобранител и апелираше граѓаните многу внимателно да ги земаат предвид сите огласи на Интернет и понуди за посредување при вадење виза за Квебек, Канада.

За вадење канадска иселеничка виза нема потреба од посредници при поднесување аликации до имиграциските служби на  Квебек, Канада. Исто така, граѓаните нема потреба да се изложуваат на дополнителни трошоци за плаќање надомест на посредниците, укажува Народниот правобранител.

- Сите потребни информации за начинот на аплицирање и добивање на иселеничка виза може да се проверат на веб-страницата на ова Министерство на која секогаш во горниот лев агол се наоѓа логото, и е назначено  „официјална страна на Владата на Квебек“. На оваа веб страница има и примероци од бесплатни формулари за  аплицирање, согласно областите на кандидатите, а сите информации кандидатите може сами да ги  пополнат, соопшти Народниот правобранител.

09.06.2014 - 13:06
Фото: 
dnevnik
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа