Судење „Ровер“: Сведок тврди дека на ЦД ги има мотивите за убиството на Тушевски
Во Скопскиот кривичен суд денеска продолжи судењето за случајот „Ровер“ против обвинетите за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев.
Се очекува после пладне во судот да се појави сведок на обвинителството кој според најавите, на компакт диск ги има мотивите за убиството. Неговото сведочење треба да расчисти многу непознаници во случајот.
фото: Радио Слободна Европа