Кралев: Нема екстерно - нема свидетелства

Почнувајќи од денеска па се до осми јуни, 200 илјади основци и средношколци, како и 15 илјади професори ќе бидат подложени на екстерно тестирање, чија цел е да се оцени објективноста на професорите при пишувањето оценки на учениците.

Ги повикувам сите учен­ци што ќе бидат опфатени со екстерното тестирање да ја искорис­ат оваа можност за да го прикажат своето знаење стекнато во т­екот на учебната година. Вер­увам дека по завршувањето на периодот на тестирањето сите заедно ќе можеме да ги согледаме неопходните реформи за подобрување на нашиот образвен систем. Апелирам до сите ученици да не се отсуствува неоправдано од тестирањето бидејќи тие ученици нема да добијат свидетелства, изјави министерот Панче Кралев за Дневник.

најчитано сега