Барате сезонска работа во Грција? - еве колку плаќаат

Голем број Македонци и годинава сезонски ќе заминат на работа во Грција, на нивите, или по грчките острови.

Но, проблемот годинава се поголемите законски ограничувања. Сопствениците на плантажи во соседна Грција велат дека странските работници и покрај нивната желба да работат, чинат многу скапо ако се легално ангажирани. Тоа е така по последните законски измени за влегувањето, престојот и работата во Грција.

Инаку просечната дневна надница за работа на некоја плантажа е 25 евра плус храна и сместување. Но повеќето работат на диво. Сепак, тоа може скапо да ги чини сопствениците на овоштарниците, кои велат дека се драматично зголемени давачките.

Инаку и некои од западните земји ги насочуваат невработените млади да си бараат сезонска работа во земјите засегнати од кризата како што е Грција, Шпанија, Италија и Кипар. Засега особено се атрактивни работните места, главно во хотелите и угостителскиот сектор. Многу млади Македонци токму таму се вработуваат за време на летото, што е можност ем за фина заработувачка, ем за фино да се помине летниот период.

09.06.2014 - 11:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега