ФОТО Цеца се огласи за нејзината тајна романса со црногорскиот премиер - еве што кажа
Српската дива Светлана Цеца Ражнатовиќ во последните неколку месеци своето слободно време го поминува во друштво на црнгорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, а како што дознава српски „Курир“, вдовицата на Аркан повеќе пати со авион на приватен превозник одела во Подгорица, каде домаќин и бил токму тамошниот прв човек на државата.
- Светлана во Подгорица секогаш доаѓа во тајност, со приватен авион. Никогаш не се задржува подолго од ден-два, а друштво секогаш ѝ прави Ѓукановиќ. Многу се диксретни во тие средби и никогаш не се појавуваат заедно на јавни места. Тој ужива во нејзиното друштво и нејзините песни, вели извор за српски „Курир“.
Од друга страна, и покрај овие тврдења, Цеца се огласи за наводната врска со црногорскиот премиер, истакнувајќи дека последен пат во Црна Гора била минатата година.
-„За насловната на Курир, имам само да кажам: последен пат бев во Црна Гора 04.08.2013, одржав концерт на Топ Хил и се вратив два дена подоцна", вели Цеца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа