Струга: Ограбиле црква - ја украле круната за венчавки
Непознат сторител ја ограбил црквата „Свети Антониј“ во струшкото село Глобочица при што одзел една месингана круна за венчавки и две илјади денари.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кражбата била извршена во периодот помеѓу први и шести овој месец.
- Непознатиот сторител, преку прозорец влегол во внатрешноста на црквата. Тој го скршил прозорецот од источната страна на црквата и со употреба на подесен алат и физичка сила успеал да го отвори. Веднаш започнал со пребарување во внатрешноста на црквата по што противправно ги одзел парите во различни апоени и месинганата круна, вели Димоски.
Полициската станица од Струга, по увидот што го извршила на лице место презема мерки за пронаоѓање на сторителот на тешката кражба
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа