Си прават експерименти: Државната администрација со работно време од 6 часа
Експериментална група од државните службеници во вториот шведски најголем град Гетеборг, од први јули ќе работат шестчасовното работно време во администрацијата, додека останатите ќе работат по 8 часа, очекувајќи да се докаже дека пократкото работно време го следи поголема продуктивност и намален број на боледувања, јавува Хафингтон пост.
Експериментот ќе трае една година. Доколку се потврдат очекувањата, тоа ќе се прошири на целото шведско општество. Целта на овој проект е да се утврди дали еден од најсилните аргументи во прилог на пократок работен ден е и точен.
Ако се потврди дека пократкото работно време резултира со подобро ментално и физичко здравје на работниците, тогаш ова рабтно време ќе се прошири на други сегменти на јавната управа.
Ова тестирање веќе дало резултати во фабриката на Тојота во Гетеборг, па затоа се проширува и на други сектори.
Во градот Кируна ваков експеримент се спроведувал цели 16 години, до 2005, кога локалните власти го прекинале поради жалбите дека пократко работно време е поинтензивно и со поголем притисо врз работниците да го забрзаат темпото на работа
Погледнете што мислат нашите читатели за промена на работното време во Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа