Груевски појадува со бизнисмените

 

Сојузот на стопански комори (ССК) денеска, традиционално, организира деловен појадок за своите членки со претставници на владиниот тим.Според најавите, на појадокот ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.

Повеќе од 200 членки на ССК ќе имаат можност да дискутираат за најзначајните економски прашања со цел подобрување на секојдневното работење. Ќе бидат презентирани и резултатите од нивните предлози што ги спроведоа државните институции во секоја гранка од бизнис секторот.

Се очекува Комората да предложи нови мерки и барања за да се зголеми ликвидноста на компаниите и да се подобри деловното опкружување.

најчитано сега