Богата програма на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Во Прилеп се одржува 49 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Денеска, на четвртиот ден, Фестивалот нуди богата прогфрама.

Денеска напладне, во Центарот за култура „Макрко Цепенков“ ќе се одржи трибина на тема „Музиката во театарските претстави“. Модератор е Дејан Пројковски.

Вечерва пак, во 19 часот на сцената од приелпскиот народен театар Театарот за деца и младинци од Скопје ќе се одигра претставата „Нашиот клас“ од Тадеуш Слобоѓанек во режија на Владимир Милчин. Во Прилеп се одржува 49 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Денеска, на четвртиот ден, Фестивалот нуди богата прогфрама. Во 22 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе започне втората претстава во официјалната конкуренција за награди. Турскиот театар од Скопје ќе ја изведе претставата „Камен“ од Мариус фон Мајенбург во режија на Билге Емин. На полноќ, во народниот театар е независниот проект „Не клади се на Енглези“ на продукција „Ауденција“. претстата е по текст на Владимир Ѓорѓевиќ во режија на Синиша Ефтимов.

09.06.2014 - 10:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега