Нов суперграбливец во океаните напаѓа големи бели ајкули

 

Уред за следење на големите бели ајкули, долги 2,7 метри, е пронајден исфрлен на плажа. Научниците веруваат дека ајкулата била изедена од нешто многу поголемо.

Австралиските научници наведуваат дека ајкулата била здрава и означена во програмата за следење на белите ајкули.

Според податоците на уредот за следење нешто големо ја повлекло ајкулата на длабочина од 1.900 метри, каде минала повеќе денови. Истовремено, било регистрирано и нагло зголемување на температурата.

Уредот по неколку дена испливал на крајбрежјето на океанот.

Научниците веруваат дека овие податоци покажуваат постоење на голем суперграбливец што може да изеде ајкула. 

08.06.2014 - 21:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега