ВИДЕО: Пиштол голи Грци возеа велосипеди низ Солун

Без парче облека на себе над 2000 голи велосипедисти се собраа во Солун на 7-та  меѓународна парада на голото јавање.
 
Идејата на велосипедската обиколка е да се обрне внимание на загадувањето на природата и насилството.
 
Настанот се одржува седма година по ред во Солун, а секоја година се повеќе градови се приклучуваат на оваа иницијатива.
 
Голи велосипедисти може да се видат низ улиците на 70 градови во светот, а Солун е домаќин на настанот од 2008 година, со значително зголемување на бројот на велосипедистите кои учествуваат секоја година 

 

08.06.2014 - 21:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа