Стартува изградбата на новата црква во скопски Аеродром

Почнува изградбата на новата црква посветена на Св. Троица во општина Аеродром наспроти Спортскиот Центар Јане Сандански, чиј ктитор е Сергеј Самсоненко со неговото семејство. Осветувањето и поставувањето на камен – темелникот ќе се одржи утре во 11 часот. 

Благослов за изградба на црквата ќе даде Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во присутво на Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, г. Олег Шчербак, градоначалникот на Општината Аеродром, Ивица Коневски како и Сергеј Самсоненко со неговото семејство. 

 

 

08.06.2014 - 15:49
Фото: 
Фактор
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега