Груевски: Рангирањето на „Форин полиси“ е потврда за правилните економски политики

 Македонија не само изминатиот период, туку и во 2013 година отиде доста напред во однос на создавањето услови за привлекување странски инвестиции. Тоа го потврдува и последниот извештај на „Форин полиси“ кој земјава ја рангира на 29. место во светот.

Oва денеска го истакна мандатарот на новата Влада и актуелен премиер Никола Груевски.

Тој посочи дека најновото рангирање на Македонија според условите за привлекување странски инвестиции, значи пет места погоре во однос на минатата година.

- Ова е показател дека и во 2013 сме направиле доволен број чекори за Македонија да стане уште поатрактивна и уште повисоко на листата за привлекување странски инвестиции. Ми дава надеж и уште еден сигнал дека со начинот на кој сме тргнати да ја подобруваме бизнис климата и да ја правиме државата атрактивна за странските и поволна за домашните инвеститори, ќе следува отворање многу работни места во иднина што е и една од главните цели на новиот владин состав, потенцираше денеска Груевски по промоцијата на 12 нови наслови од Проектот за превод на 1.000 стручни и научни книги од кои се учи на на врвните светски универзтети.

Премиерот потсети дека Македонија во однос на создавањето услови за странски инвестиции исто така забележа голем напредок и во 2007, 2008, 2009, 2010, 2011 и 2012 година.

„Форин полиси“ прави анализа врз основа на неколку други анализи меѓу кои и онаа на фондацијата „Херитиџ“. Притоа зема предвид осум индикатори. 

08.06.2014 - 14:59
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа