Лазаров: Мораме подобро да играме

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, кој вчера на натпреварот против Грција беше најефикасен со седум постигнати голови, истакна дека играта мора да се подобри. 
 
- Потешко од очекувано стигнавме до победа, сепак и во вака слабо одигран натпревар остваривме предност. Тоа е најважно во овој момент. Можеби ја навикнавме публиката и навивачите на добри натпревари, но најважно е што победивме, истакна Лазаров.

Тој додаде дека потребен е поразличен пристап од сите доколку се сакаат поголеми резултати и успеси со посилните противници.
 
Македонија ја победи Грција со 27:25, а реванш дуелот oд баражот за СП 2015 се игра на 15 јуни во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. 

08.06.2014 - 13:02
Фото: 
Сител
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега