Албанската полиција заплени над половина тон дрога

Во синоќешната акција „Викенд“ полицијата од приморскиот град Валона спречи шврец на половина тон марихуана, произведена во селото Лазарат а чија крајна дестинација бил италијанскиот нарко пазар,пренесува денеска МИА.

Дрогата била запленета на патниот правец Куч-Валона, а била транспортирана со две возила. Според полицијата уапсени се три лица, албански државјани.

Во шверцот на албанската марихуана, освен албанските се почесто се јавуваат и грчки државјани, што го потврдува и апсењето на двјаца Грци на граничниот премин Какавија при обид од Албанија на грчка територија да пренесат околу 64 килограми марихуана.

Уапсени се грчките државјани Анастасиа Вогиатзи и Панајотис Маркополос, кои дрогата ја транспортирале со автомбил марка „опел“.

Во меѓувреме во земјата продолжуваат меѓусебните обвинувања на власта и опозицијата кој е поголемиот виновник за масовниот шверц на марихуана, кој  со несмален интензитет продолжува главно кон Италија и Грција, а во помали количини и кон Македонија , Косово и Црна Гора. 

МИА

08.06.2014 - 12:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега