Спиро Ристовски нема да биде министер во новата Влада

Спиро Ристовски нема да биде министер во новата Влада. Партиски извори брифираат дека на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ паднала одлука, во Министерството за труд и социјала да остане Диме Спасов. Промена во последен момент имало и во Министерството за одбрана. Емил Димитриев сакал да им се посвети на партиски обврски како Генерален секретар и на негово место е именуван македонскиот амбасадор во САД и преговарач во спорот за името, Зоран Јолевски. 

07.06.2014 - 19:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа