Грција будно ќе ги набљудува границите

Грција разви нови мерки за борба против криминалот и илегалната имиграција. Земјата планира да ги опреми границите со електронски средства за набљудување, пишува весникот „Имерисија“.

Грчките власти планираат до крајот на 2016 година со електронски системи да биде опремена целата граница со Турција, како и голем дел од северната граница на земјата, најави грчкиот министер за заштита на граѓаните Никос Дендиас, кој додаде дека за потребите на новите мерки, ќе бидат именувани уште 2.500 гранични полицајци во пограничните региони.

07.06.2014 - 15:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа