Почина битолчанецот кој вчера беше пронајден во Ивањевци

Почина 84 годишниот битолчанец Стеван Јовчевски, кој беше пријавен за исчезнат на 2, јуни, а вчера беше пронајден во селото Ивањевци кое е 20 километри оддалечено од неговиот дом во Битола, јавува ТВ Орбис.

Тој вчера бил принајден во грмушки од страна на мештаните. Старецот бил дехидриран и веднаш бил пренесен во битолската клиничка болница. За жал, Стеван денеска им подлегнал на повредите.

Се уште не е познато како битолчанецот стигнал до Ивањевци.

 

07.06.2014 - 13:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега