Двајца мртви, 14 повредени - епилог од катастрофалната експлозија во Косово

Две лица загинаа, а 14 се повредени во вчерашната експлозија на резервоар со водорорд во втората по големина термоелектрана во Косово, соопшти Едмонд Нулеши од Косовската енергетска корпорација (КЕК).

- Пронајдовме две тела, изјави Нулеши, а локалната телевизија прикажа снимка од војници како ги спасуваат работниците кои останаа заробени во зградата повеќе од пет часа.

Термоелектраната во Обилиќ, која е стара повеќе од 40 години, е затворена. Силната експлозија се слушнала дури и во Приштина, на 10 километри оддалеченост.

Директорот на КЕК,Арбен Дјук, изјави дека спасувачите го извлекле телото и на втората жртва по експлозијата во единицата за електролиза во Термоцентралата Косово А, додека едно лице е пронајдено живо.

Претходно беше соопштено дека во експлозијата починале четири лица.

Во Клиничкиот универзитетски центар во приштина биле доведени 14 повредени, од кои 12 се пуштени на домашно лекување по пружената медицинска помош, додека две лица и натаму се под лекарски надзор.

Покрената е истрага за инцидентот.

По вчерашната несреќа се огласи и синдикатот на КЕК, па претседателот на оваа организација Изет Мустафа обвини дека и оваа трагедија е последица на тешките услови за работа.

- Условите во кои работиме се многу тешки. Опасноста е перманентно присутна во објектите на КЕК. Несреќи имало и порано. За жал, поради тешките услови за работа во последните петнаесетина години животот го загубија повеќе од триесет работници. Ова го потврдува нивото на опасност, изјави Мустафа за телевизијата Клан Косова. 

07.06.2014 - 10:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега