Забарка му ги извадила сите заби на поранешниот бидејќи ја оставил за друга

Верувале или не, забарката Ана Маковјак од Полска била толку повредена што поранешниот ја оставил за друга, што во првата  прилика му се одмаздила, и тоа на многу болен и  начин – му ги извадила сите 32 заба.

- Се обидов да бидам професионална и да се дистанцирам од моите емоции. Но, кога го видов како лежи само си помислив: Какво копиле, изјавила Ана, 

Откако му ги извадила забите на Марк , таа му ја замотала главата и вилицата со завој за да го спречи да ја отвора устата и му рекла дека имало компликации и дека треба да посети специјалист.

Можете да си замислите колку бил шокиран Марек кога дознал што всушност му се случило.

„Кога се вратив дома и се погледнав в огледало, не можев да поверувам. Таа кучка ми ја испразнила устата. Новата девојка сега ме остави, велејќи дека не може да биде со маж без заби“ – раскажал тој.

Ана во моментов е под истрага и може да добие до 3 години затворска казна.

06.06.2014 - 15:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега