Роднините на обвинетите за масакрот кај Смилковци излегоа на протест

Заврши протестот на роднините на обвинетите во случајот „Монструм“, јавува Канал 5.

Неколку стотици граѓани попладнево се собраа на протест пред Јаја Паша џамијата во скопски Чаир. Групата се прошета низ скопските улици и потоа го заврши својот протест близу новата зграда на Државното јавно обвинителство. Протестите поминале без инциденти.

Роднините на обвинетите за масакрот кај Смилковци, бараат ослободителни пресуди, бидејќи сметаат дека тие не се одговорни за петкратното убиство. Групата денеска протестираше и против начинот на кој беше изнесен завршниот збор од страна на Обвинителството.

 

Судскиот процес за „Монструм“ се наоѓа пред самата завршница. Сега останува само уште да се донесе и изрече пресудата. Двајцата првообвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се уште се во косовски затвор. Постапката за нивна екстрадиција е во тек.

06.06.2014 - 15:38
Фото: 
Канал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега