ВИДЕО: Јоце Панов ги освои гледачите на „Макфест“

На сцената на Домот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, на првата полуфинална вечер на фестивалот „Макфест 2014“ се претставија 15 изведувачи од кои само девет продолжуваат во финалето. Меѓу нив на врвот на листата со најубедливо водство се најде штипјанецот Јоце Панов со песната „Само немој да молчиш“ чии автори се Бане Опачиќ (музика), Владо Јаневски (текст) и Слоба Марковиќ (аранжман).

Откако освои 15 интернационални награди на најреномираните фестивали во регионот, пејачот Јоце Панов по цели 6 години пауза се врати на македонскиот фестивал  Макфест и настапи под реден број 01, а така и заврши со убедливи 898 гласови.

Слушнете ја песната со која Јоце Панов ја освои публиката. 

06.06.2014 - 15:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега