Четворица загинати - се очекува уште една експлозија во електраната во Косово

Четири лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени во силната експлозија која денеска избувна во термоелектраната „Косово А“ во Обилиќ, во близина на Приштина, јавија локалните медиуми. 

Екипи пристигнале на местото на несреќата, и неофицијално се дознава дека има најмалку тројца загинати. Приштинскиот весник „Експрес“ пишува дека 11 лица се повредени и пренесени во болницата во Приштина.

Моментно се прават напори за спречување на евентуална нова експлозија.

До експлозијата, која била почувствувана и во Приштина, дошло во производствениот дел на термоелектраната, а причина за несреќата најверојатно е водородот.

Директорот за производство во енергетската компанија КЕК, Арбен Ѓука изјавил за „Експрес“ дека експлозијата била премногу силна.

- Се уште не знаеме колку лица се повредени и дали има загинати. Полицијата е тука и врши истрага, истакна Ѓука.

Во инцидентот причинета им е материјална штета на луѓето кои живеат во близина на термоцентралата.

Пристапот до „Косово А“ е блокиран, а пристап имаат само итните служби. 

06.06.2014 - 14:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа