ФОТО: Македонка полна тестостерон ја збуни српската полиција

Српските цариници на граничниот премин Прешево спречиле Македонка да прошверцува 100 ампули тестостерон.

Според информациите од Српската Царинска управа, ампулите тестостерон биле пронајдени при преглед на автобус со македонски регистарски таблички, кој сообраќал од Македонија до Швајцарија.

Иако патниците пријавиле дека немаат ништо за царинење, цариниците го претресле автобусот и кај македонска државјанка ги пронашле ампулите. Итрата Македонка ги скрила ампулите во зимски чевли.

06.06.2014 - 13:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега