Украл автомобил, ограбил пошта, бегал од полиција - вистинска драма на скопските улици

Засега непознат сторител вчера извршил тешка кражба во поштата во скопско „Маџари“, лоцирана на улицата „Благоја Стефковски“. Од поштата биле одземени сеф и торба со монети.

Според информациите од МИА, ноќеска околу 4:30 часот, било забележано возило марка „Фиат фиорино пикап“ со скопски таблички кое откако го видело полициското возило почнало да се движи со голема брзина. Возачот по кратко време, го оставил возилото и избегал.

Во „Фиатот“ биле пронајдени сефот и една торба со монети. Полицијата открила дека возилото со кое е извршена кражбата било украдено истата вечер, од паркинг на булеварот „АВНОЈ“.

ПОлицијата трага по сторителот и работи на целосно расчистување на случајот.

06.06.2014 - 12:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега