Едноставно слатко задоволство- Милка торта без печење

Несомнено е дека секој од нас ужива во чоколадиното задоволство Милка, па затоа сигурно тие ќе бидат воодушевени и од овој едноставен рецепт за торта Милка.

Станува збор за едноставен рецепт за брза подготовка на торта Милка, без кори, односно само со вкусен фил со вкус на најпознатите чоколади во светот. Она што е особено важно е тоа што десертот се подготвува сосема лесно и за кратко време во вашиот дом ќе имате торта со која ќе ги воодушевите најблиските. 

Во продолжение погледнете кои се потребните состојки и како тортата се подготвува. 

Потребни состојки: 

1 литар млеко
10 лажици шеќер

3 пудинзи од ванила
300 грама млечна Милка чоколада
100 грама бела Милка чоколада

500 милилитри слатка павлака
Плазма кекс во количина доволна за обложување на дното од садот

Подготовка:

-Најпрво од вкупната количина на млекото одземете малку, се со цел истото да го употребите за матењето на пудингот и шеќерот, а останатото млеко ставете го да се вари, па потоа во истото ставете го разматениот пудинг и шеќер. 

-Откако пудингот ќе биде готов, поделете ја смесата на два дела, па во едниот ставете го темното млечно чоколадо, а во другиот белото Милка чоколадо, и мешајте се додека чоколадото не се стопи. Потоа, така подготвениот крем оставете го да се излади. 

- Во друг сад изматете ја слатката павлака, па по ¼ од истата ставете во белиот и темниот крем.

 -На крајот, земете сад и истиот обложете го со кеса во која што ќе го истурите најпрво белиот крем, врз кој потоа ќе го ставите остатокот од слатката павлака, односно половината од вкупната количина и на крајот ставете го темниот крем. 

Внимавајте, сето тоа треба да го правите бавно и внимателно. На самиот врв ставете еден ред плазма бисквити натопени во млеко. На крајот, затворете ги рабовите од ќесата и вака подготвениот десерт оставете го во фрижидер неколку часа. 

- По неколку часа, извадете ја тортата, отворете ја ќесата и целата торта превртете ја на чинија за послужување. Вашата Милка торта ќе биде со идеален облик, а целиот десерт можете да го декорирате по ваша желба. 

06.06.2014 - 11:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега