Ќе најдете се што ви треба - почнува „Скопски Outlet саем“

Под мотото „Се за вашиот дом!“, денеска стартува саемската манифестација „Скопски Оutlet саем“, која ќе трае до 15. јуни. Во три хали и на повеќе од 60 штандови можете да најдете стотици производи за домот, по несекојдневни и специјални цени.

Скопскиот саем ја воведе оваа манифестација минатата година. „Скопскиот Outlet саем“ има продажен карактер и е наменета само за потрошувачите. Посетителите ќе можат да купат автомобили, бела техника, опрема за дворови и тераси, алати, опрема за домаќинство, завеси, постелнина, душеци, врати, подови...

На манифестацијата учествуваат повеќе компании, како Технокооп, Интер Мебел (Струмица), Интер Мобел (Тетово), Јуниор, Федербау, Фејдом, Леснина-Ми, Фатина, Софа студио, Интер фантазија, Кристина Дамил, Симак-Симпо, Југоекспорт Стил, Цептер, Тач...

Влезот за сите посетители на „Скопскиот Оutlet саем“ е бесплатен. Организаторите очекуваат повеќе од 50 илјади посетители. 

06.06.2014 - 10:09
Фото: 
Faktor
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега