Време: Пристигнаа летните температури

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, особено долж Поварадарието.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со умерен на моменти и засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 29 степени. 

06.06.2014 - 09:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа