26 годишно момче со инфаркт на Кардилогоија во Скопје - се помлади луѓе добиваат срцев удар

26-годишно момче спасено од срцев удар на Кардиологија. Се намалува возрасната граница на лица со инфаркт во Македонија. Ако порано кардиоваскуларните заболувања беа карактеристични за повозрасните сега се повеќе млади на 30 години завршуваат со стент, анализаира спцијализираниот портал за здравство, Здравство24.

Во земјава, како и во други транзициски земји, има се повеќе помлади пациенти со коронарна артериска болест, но од друга страна сме сведоци на продолжување на животниот век, односно се соочуваме со поголем број на возрасни пациенти коишто порано не сме ги имале, вели проф.д-р Сашко Кедев, директор на Клиниката за кардиологија и претседател на македонското кардиолошко друштво.

- Стапката на акутен миокарден инфаркт во Македонија и во земјите во транзиција за жал се уште е многу висока. Во САД и во Западна Европа има тренд на опаѓање на оваа стапка која што се должи на ригозорната превентивна политика, пред се во ригорозна контрола и намалување во стапката на пушење, намалување и контрола на ризичните фактори како што се покачениот крвен притисок, артериската хипертензија, дијабетот и здравиот начин на живот, вели проф. Кедев.

Кај нас, потенцира тој, има нов ризичен фактор што е поврзан со транзицискиот систем и тоа е карактеристично не само за кај нас, туку и за сите земји во транзиција.

- Основната карактеристика е спуштањето на возрасната граница на пациентите коишто добиваат акутен миокарден инфаркт. Ние во споредба со Западна Европа и САД имаме се повеќе помлади пациенти со коронарна артериска болест, но од друга страна сме сведоци на продолжување на животниот век, односно се соочуваме со поголем број на возрасни пациенти коишто порано не сме ги имале, изјави доктор Кедев.

Според него, зголемена е стапката на преживување што се должи на агресивната стратегија што ја применувавме во деведесетите години.

Професорот Кедев смета дека во Македонија треба многу да се подобрат неинвазивните односно превентивните мерки, односно ригорозна контрола на број еден факторот, а тоа е пушењето и драстично намалување, зголемување на контролата на ризичните фактори и тој го потенцира животниот стил.

- Тоа значи повеќе физичка активност, повеќе спортување, рекреација и да се внимава на соодветната диета, вели Кедев.

Професорот Кедев изјави дека во однос на радијалниот пристап и морталитетот во Македонија е компатибилен дури и понизок од многу поискусни центри, но оти исто така е многу важна контролата на квалитетот во секоја болница.

- Контролата на квалитетот треба да биде ригорозна во секоја болница и надлежните институции мора да ги знаат тие податоци. Мора да се знае стапката на смртност во секоја болница, да се споредува и да се најде начинот ако е некаде повисока како да се интервенира. Ние го следиме светскиот тренд, изјави проф. Кедев.

Еминентниот американски лекар Самир Панчоли рече дека импресивно е тоа што статусот на крдиолошка грижа во Македонија во многу нешта е подобра од поголем дел од земјите што ги посетува.

- Во Америка ние имаме друг систем, но споредбено зборувано, статусот на интерветната кардиологија во Македонија е речиси исто толку добар колку во развиените земји и во САД. Во земјата има многу високо ниво на кардиолошка грижа, изјави Панчоли.

Белгискиот кардиолог Винсент Дангоа истакна дека изгледите на македонската кардиологија се многу позитивни и добри бидејќи организацијата е на највисоко ниво и на интелектуален план и од етички аспект.

Инаку Македонија не заостанува во интерветната кардиологија, туку во некои аспекти е многу понапред од западноевропските земји и САД, велат еминентни кардиоолози. Од синоќа до 7 јуни во Скопје се одржува 5. Македонски конгрес по кардиологија со меѓународно учество, на кој присуствуваат 800 доктори од 26 земји, што го прави најголем кардиолошки конгрес досега организиран во земјата.

Во рамки на кардиолошкиот конгрес, претпладнето се одржа заедничка сесија на Македонското со Европското здружение на кардиолози. На оваа сесија беа презентирани најновите достигнувања во третманот на пациентите со акутен инфаркт на миокардот.

05.06.2014 - 23:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа