Позната манекенка доби отказ бидејќи е бремена

 

Убавата Лара Стоун  која ги красеше насловните страни на најпрестижните светски списанија доби отказ поради тоа што е бремена. Клинетите сметале дека повеќе не може да работи како манекенка бидејќи е дебела.

Лара признава дека и по породувањето често била дискриминирана во светот на модата, бидејќи не ги намалила килограмите во дадениот рок.

30 годишната светска манекенка раскажа како еден клиент секојдневно ја мерел за да се увери дека има „вистинска големина“.

- Тогаш бев многу вознемирена. Само што дознав дека сум бремена се чувствував многу емотивно буквално за се. Веќе немав работа. Тоа беше крајот на животот кој го имав до тогаш, вели Лара која денес е горда мајка на синот Алфред кој набрзо ќе полни една година.

 

05.06.2014 - 19:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега