Обама го впери прстот кон Путин
Претседателот на Америка, Барак Обама изјави денеска дека неговиот руски колега Владимир Путин мора да ја признае новата украинска влада и да соработува со неа, да прекине со „провокации“ долж границата или ќе се соочи со поостри санкции од Г-7.
– Ќе имаме можност да видиме што Путин ќе направи во следните две, три или четири недели, и доколку остане на сегашниот курс, веќе најавивме акции кои сме подготвени да ги спроведеме, изјави Обама на прес-конференција по завршувањето на состанокот на седумте најразвиени држави во светот.
Обама додаде и дека повеќе би сакал Франција да биде воздржана по прашањето за продажба на хеликоптери на Русија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа