Продавале месо од угинати свињи во поплавите!

Полицијата во Сремска Митровица во багажник на автомобил открила 100 килограми свинско месо.  Инспекцијата утврдила дека месото не е за прехрана. Полицијата уапсила две лица под сомнение за преработка на месо од потопената стока кое подоцна го продавале на пазарот.

како што пренесува B92 осомничените биле  на возраст од 25 и 26 години и се обвинети  за преработка на месото од потопените животни кои биле закопани на гробиштата за добиток во подрачјето на Шибац. 

 

05.06.2014 - 18:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа