Марихуаната значи неплодност и абнормална сперма

Мажите кои сакаат да имаат деца, мораат да престанат да конзумираат марихуана. Според тврдењата на експертите, најновите истражувања направени на Унивезитетот Шефилд, покажуваат дека лесната дрога значително ги зголемува шансите младите под 30 години да создадаваат абнормална сперма и да останат неплодни.

Експертите од Универзитетот Шефилд, утврдиле дека конзумирањето марихуана е едниствената животна навика која негативно влијае на создавањето и квалитетот на спермата, а дури ни дебелината, цигарите и алкохолот, не влијаат штетно на репродуктивното здравје, како што влијае марихуаната.

Во испитувањето учествувале 2.249 мажи.

05.06.2014 - 16:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега