Скопската полиција апсеше “лоши момци“ - двајца скопјани завршија во Идризово

Скопската полиција во понеделникот апсеше “лоши момци“.

На 2. јуни годинава, постапувајќи по судска наредба, скопската полиција го лишеше од слобода 37 годишниот скопјанецот Фикрије И., кој треба да издржува затворска казна од три години поради “запуштање и малтретирање на малолетно лице”. Скопјанецот е спроведен во Затвор-Идризово.

Скопската полиција го лишеше од слобода и 35 годишниот скопјанец Ајнур А., кој издржува затворска казна во траење од две години и шест месеци, поради извршена тешка кражба. Скопјанецот бил спроведен во Затвор-Идризово.

 

05.06.2014 - 11:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега