Министерството за финансии ги исплати мајските пензии
Министерството за финансии денеска им ја исплати пензијата на 286.400 пензионери. Префрлени се 3 милијарди 571 милион денари.
Од Министерството за финансии велат дека исплатата на пензиите ќе продолжи да се одвива редовно, првата недела во месецот и дека поддршката на животниот стандард на пензионерите ќе остане приоритет на Владата.
Денеска Министерството за финансии исплати и 6,3 милиони денари за спортски пензии, пензии за национални уметници, надоместоци за талентирани спортисти и награди за спортски тренери.
05.06.2014 - 11:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа