"Моето срце знае која е таа" - трогателна приказна која стопли милион срца ширум светот

Романтичниот гест на овој маж болен од Алцхајмерова болест прво изненади двајца полицајци, потоа ја расплака неговата сопруга, за на крајот да стопли милиони срца ширум светот.

Пред три години Мелвин Емрајн добил многу лоша дијагноза. Како што поминувало времето, така состојбата се влошувала. На неговата сопруга Дорис и станува се потешко само да гледа како болеста му ги одзема на Мелвин спомените и разумот.

Неодамна Мелвин покажа дека вистинската љубов никогаш не умира, откако и приредил вистинско изненадување.

- „Специјално е, бидејќи иако мозокот не помни сѐ, срцето помни“ – рекла Дорис во интервју за CBS.

Еден ден пред Денот на мајките, Мелвин исчезнал. Неговата сопруга пријавила во полиција и двајца полицајци го пронашле залутаниот старец на 3 километри од домот. Кога му пришле, тој не знаел од каде дошол, не ја знаел својата адреса, но знаел каде тргнал – да купи букет цвеќиња за својата сопруга за да ѝ ги подари на Денот на мајката. Љубезните полицајци застанале во цвеќара за да му ја исполнат желбата. Подоцна тие дознале дека по раѓањето на првото дете, Мелвин секоја година ѝ подарувал цвеќиња на Дорис на Денот на мајката.

-„Кога дојде на скалите и ги видов розите и насмевката на неговото лице, се скрши нешто во мене. Реков: благодарам, благодарам. Зашто го видов неговото срце“, рекла Дорис.

05.06.2014 - 10:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега