Три години затвор за поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот претседател на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица Стојан Лазрот доби три години затвор откако се спогодил со обвинителството во случајот Лепак. Како што ексклузивно објави Press24 тој и останатите обвинети во големиопт случај за криумчарење текстил преку граничниот премин Ново Село, ја признале вината.

Второобвинетиот цариник прифатил да одлежи две години и седум месеци затвор, додека за останатите обвинети цариници казната изнесува 2 години затвор.

За лицата кои беа осомничени за криумчарење на стоката казните се движат од 6 месеци до една ипол година во затвор.

Со овој судски случајс е постигнува своевиден рекорд. Завршен е експресно за помалку од 90 дена.

Акцијата Лепак на граничниот премин Ново Село кај Струмица беше спроведена на 8ми амрт годинава. Тогаш МВР уапси 14 лица од кои 7 вработени во царината.

Одговараа за шверц на текстилна стока која ја набавувале од Бугарија и Грција и која преку овој граничен премин стигнувала до голем број струмички текстилни продавници.

04.06.2014 - 20:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега