Подгответе се доаѓа вистинското лето: Викендов станува жешко

Ако деновиве се прашувавте кога конечно ќе се стопли и стабилизира времето, одговорот е од четврток, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, Метеопро

Во наредните барем 7 дена ќе имаме тренд на вистинско летно време. Но, не станува збор за пеколни високи темпаратури, туку за умерено топло време. Максималната температура ќе биде во дијапазонот од 25°С до 30°С во четврток и петок. Веќе од сабота ќе има мал пораст на температурата, за околу 2°С до 3°С и ќе биде во границите од 27°С до 32°С. Слична максимална температура ќе има и во првите 3 дена од наредната недела.

Времето ќе биде претежно сончево и стабилно. Сосема мала локална дестабилизација е можна во недела и понеделник. Но, дали истата ќе се оствари ќе се знае веќе од петок. Затоа, следете нé.

 

Вредноста на УВ индексот ќе биде висока, 8, затоа ќе треба да се превземат стандардните мерки за заштита на кожата и очите.

04.06.2014 - 18:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега