"Ало Ангела Меркел, помогни ми!"

Волфганг Босбах, политички сојузник на германската канцеларка Aнгела Меркел, ја повикал како џокер во квизот „Кој сака да биде милионер“ за да му помогне во одговорот на едно прашање.

Како што пренесува Би-Би-Си, Босбах два пати ѕвонел кај Меркел, но таа не одговорила.

Прашањето за кое барал помош гласело: „Зошто машината позната како „WM66“ е легендарна?“, а одговорот бил затоа што може да се користи и за готвење овошје.

Кон крајот на квизот Босбах добил СМС-порака од канцеларката во која пишувало „Што и да требаше, ти испраќам топли поздрави, АМ“.

04.06.2014 - 14:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега