Самка Ибраимовски ќе биде втора Роза?

Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски се уште нема донесено одлука дали ќе го почитува ставот на СДСМ за бојкот на Собранието. Тој е еден од оние пратеници кои доаѓаат како следни на опозициската листа и на кои треба да им бидат понудени мандати откако Собранието ќе ги констатира оставките на 33те пратеници кои првично добија пратеничко столче. 
Ибраимовски вели дека ќе ја чека одлуката на Собранието по што неговата партија ќе го каже конечниот став. Тој за Press24 вели дека за утре има закажано средба со Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски по која се очекува работите да бидат искристализирани.

04.06.2014 - 13:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега